Димитријевиќ одличен во победата на Уникс против Самара
Уникс Казањ на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го претрпе првиот сезонски пораз во ВТБ лигата и тоа на гостувањето кај Самара со 104-93.
Домашниот тим одигра навистина ефикасен меч, ритам кој избраниците на Перасовиќ не го испратија до самиот крај и заслужено ја загубија оваа пресметка.
Нашиот Димитријевиќ имаше ново квалитетно издание со 14 поени и 6 асистенции. Најефикасен на теренот беше Хокинс со 21 поен на кои придодаде 6 скока.
Уникс во следната рунда има ново гостување кај Саратов.