Димитријевиќ одличен, Милано загуби во Виторија

Ненад Димитријевиќ одигра одлична последна четвртина на евролигашкиот дуел на Олимпија Милано со Басконија, но неговиот тим загуби (88-83) во драматичниот финиш на средбата во Шпанија.

Македонскиот репрезентативец доминираше во последниот период, стигна и до 15 поени за својата екипа. Нено го заврши дуелот и со два скока и два асистенции, а најефикасен во неговиот тим беше Миротиќ со 21 поен. Форест со 22 поени беше најзаслужен за победата на Басконија.

По шест кола, Олимпија Милано е на дното со АЛБА, како две екипи со ефект 1-5