Димитријевиќ одличен, Олимпија Милано реди победи во Серија А

Кошаркарите на Олимпија Милано е во одличен ритам во Серија А и потврда за тоа е четвртата победа над низа.

Последна „жртва“ на избраниците на Месина беше составот на Наполи кој беше совладан со 89:82. Популарните „манекени“ водеа со 39:35 по првото полувреме, предност која ја задржаа и надградија во вториот дел за оправдување на фаворитската улога.

Брукс со 20 и Миротиќ со 13 поени беа најефикасни кај победникот за кој нашиот Ненад Димитријевиќ уфрли 4 поени со 2 скока и 5 асистенции со што беше најдобар во оваа категорија.

Сега за Милано следат два предизвици во Евролигата, против Басконија и Виртус Болоња.