Димитријевиќ пристигна во Клаипеда и тренираше пред дуелот со Литванците

Машката сениорска кошаркарска репрезентација попладнево одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре, од 18:30 часот, ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите од групата Х за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

На националниот тим му се приклучи и Ненад Димитријевиќ, кој ќе настапи на утрешниот натпревар.

Плејмејкерот пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи. Поради клупските обврски во Евролигата Димитријевиќ не настапи на средбата во Скопје, која што заврши со убедлива победа на Литваниците.

Според планот, нашата најдобра селекција ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, во периодот од 10:30 до 11:30 часот.