Димитријевиќ се повреди, ќе ги скокне ноемвриските натпревари на репрезентацијата
Будуќност приреди изненадување и во второто коло од Еврокупот ја совлада Валенсија. Сепак, неочекуваниот пораз падна во сенка на информацијата што денес ја објавија од шпанскиот клуб.
Имено, Валенсија објави дека македонскиот репрезентативец Ненанд Димитријевиќ се здобил со повреда на задниот дел на бутниот мускул и поради тоа не го доигра натпреварот во Подгорица.
Прегледите покажале дека Нено има скинат мускул на тетивата и според првите прогнози ќе биде надвор од терените најмалку шест недели. Ова не е добра вест за македонската репрезентација затоа што на крајот на следниот месец не чекаат нови натпревари во мундијалските квалификации.