Динамо го доведе капитенот на У21 тимот на ПСВ Ајндховен
Динамо Загреб го доведе талентираниот играч на ПСВ, Џастин Де Хас. Станува збор за играч кој е капитен за тимот до 21 година на ПСВ, игра како стопер, но по потреба може да покрива и на левата бековска позиција. Договорот на Де Гас истекува ова лето и ако левоногиот стопер се докаже на „Максимир“ би можел да дојде бесплатно. Според „Трансфермарк“ неговата вредност во овој момент е 350.000 евра. Наводно Динамо се договорил во последните моменти од зимскиот преоден рок кој во Хрватска заврши вчера.