Динар изненадувачки е избран за селектор на Црна Гора

Францускиот ракометен стратег и поранешен ракометар Дидие Динарт ќе биде новиот селектор на Црна Гора.
Тој го освои златниот медал со Франција на сите три големи натпреварувања, а како играч и тренер освои дури 10 златни медали.
На клупски план освои четири трофеи во Лигата на шампиони и навистина нереални 11 шампионски титули, од кои шест во Франција и пет во Шпанија. Играчката кариера ја заврши во 2012 година, а Франција ја водеше од 2016 до 2020 година.
Тој ќе има можност да дебитира на клупата на Црна Гора на 6 ноември, кога Црногорците играат со Финска во квалификациите за ЕП 2026.