Дин Хендерсон го менува Лорис во Тотенхем

Жозе Мурињо сака нов голман, пишуваат англиските медиуми. Во Тотенхем не се задоволни како нивниот капитен Хуго Лорис брани оваа сезона и на лето ќе се обидат да доведат негова замена. Прва мета е Дин Хендерсон, резервниот голман на Манчестер Јунајтед. Хендерсон има 23 години и минатата сезона беше одличен на позајмицата во Шефилд. Оле Гунар Солскјер го врати во Манчестер Јунајтед, но младиот голман не успеа да се избори за место покрај Давид Де Хеа.