Диого Жота нема да настапи на дуелот со Норвич

Диого Жота со сигурност нема да настапи на натпреварот на Ливерпул против Норвич Сити в сабота, но од клубот се уште чекаат дополнителни информации за сериозноста на неговата повреда на скочниот зглоб. Португалецот беше изваден од игра на полувремето од дуелот со Интер во Лигата на шампионите, кој Ливерпул го доби со 0:2. 

Тренерот на екипата даде одговор на новинарски прашања за време на редовната прес-конференција пред натпреварот.

„Жота нема да биде достапен за овој натпревар, бидејќи се уште не е јасно каква е неговата состојба. Ни требаат повеќе информации. Има некои проблеми со лигаментите околу глуждот на ногата. Се е можно во овој момент, но мора да почекаме“, изјави Клоп.