Диого Жота поради повреда го пропушта Светското првенство

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ја извести јавноста дека португалскиот фудбалер Диого Жота поради повреда ќе го пропушти претстојното Светско првенство во Катар.

Жота се повреди на дерби натпреварот против екипата на Манчестер Сити кој Ливерпул на Енфилд го доби со резултат 1:0.

Тренерот Клоп не прецизира колку долго Жота ќе мора да паузира од играње фудбал, но потенцира дека се работи за период од неколку месеци.

Жота се очекуваше да биде стандарден член во португалската репрезентација која на Мундијалот во Катар ќе настапува во група со Гана, Јужна Кореја и Уругвај.