Диого Коста од Порто пред потпис со Сити

Раководството на Манчестер Сити размислува да го ангажира голманот на Порто, Диого Коста ова лето, пренесе британски „Мирор“.
Сити купува голман од Порто
„Граѓаните“ сметаат дека оваа сума е превисока и очекуваат дека ќе можат да го купат играчот за 50 милиони, со оглед на добрите односи меѓу новиот спортски директор на англискиот клуб Уго Вијана и агентот на играчот – Жорге Мендеш.
Коста оваа сезона забележа 41 настап за Порто во сите натпреварувања, задржувајќи ја мрежата „сува“ дури 18 пати.
Неговиот договор со португалскиот клуб е до летото 2027 година.