Диоманде го бараше половина Европа, но на крајот ќе остане во Лајпциг

Јан Диоманде најверојатно ќе остане во РБ Лајпциг следната сезона, што претставува уште еден пресврт во трансфер сагата околу него. Според „Билд“, германскиот клуб дошол до заклучок дека нема да ги добие бараните 120 милиони евра ова лето и претпочита да го задржи крилниот напаѓач, со можност играчот од Брегот на Слоновата Коска дури и да потпише нов договор. Можно е „биковите“ да се согласат на продажба сега, но под услов купувачот да биде спремен да го остави Диоманде во Лајпциг на позајмица за следната сезона.

Крилниот фудбалер стана трансферна цел број 1 на Ливерпул како замена за Мохамед Салах кој си замина од клубот. „Црвените“ испратија понуда од 80 милиони евра плус 20 милиони евра бонуси, но веднаш беше одбиена. Потоа се поврзуваше со ПСЖ, меѓутоа и таа можност пропадна.

Дека нема да потпише за ПСЖ говори фактот што европскиот првак тргна по услугите на Феран Торес, како замена за Бредли Баркола, кој е блиску да го напушти францускиот шампион ова лето.