Дионизи и нов тренер на Сасуоло по заминувањето на Де Зерби
Алесио Дионизи е нов тренер на италијанскиот фудбалски тим Сасуоло кој на официјалната веб-страница објави дека соработката ќе трае до 2023 година.
Тренерот ја презема функцијата од Роберто де Дерби кој замина во украинскиот Шахтјор Доњецк.
41-годишниот Диониси има големо искуство од Серија „А“ бидејќи во минатото ги предводеше Сампдорија и Верона. Сасуоло во последната сезона во Италија заврши на осмото место.
