Директорот на Дортмунд откри дали Халанд ќе се пресели во ПСЖ

Директорот на Борусија Дортмунд, Михаел Зорц е лут поради поврзувањето на Ерлинг Халанд и ПСЖ, јавуваат германските медиуми.

Зорц остро реагираше на наводите дека Халанд за 200 милиони евра ќе премине во ПСЖ, кој во норвешкиот напаѓач наводно гледа замена за Килијан Мбапе, кој има желба да премине во Реал Мадрид. Сепак, Дортмунд не размислува за продажба на играчот со кого има договор до 2024. година.

„Ние сме фудбалски клуб, а не банка! Нашиот став е јасен и не се промени. Претпоставувам дека ќе има уште наводи во наредните неколку дена, но нашиот став е јасен и нема да го повторувам секој пат.“ – вели Зорц.

За Халанд интерес покажаа сите големи европски клубови, но Дортмунд не сака да го продаде ова лето. Цената на овој напаѓач наредното лето ќе изнесува 70 милиони евра, бидејќи тогаш ќе се активира клаузулата во која стои дека ќе може за тој износ да го напушти клубот.