Ди Марија заминува до репрезентативна пензија по финалето на Копа Америка
Ѕвездата на Аргентина, Анхел Ди Марија, објави дека финалето на Копа Америка ќе биде неговиот последен натпревар во националниот дрес.
Синоќа, Меси и друштвото стигнаа до финалниот дуел, откако во полуфиналето победија со 2-0 против Канада. Ова е второ последовно финале за Аргентина на Копа Америка.
„Не сум подготвен за мојот последен натпревар за Аргентина, но време е… Што и да се случи во финалето, мислам дека можам да излезам со високо крената глава. Дадов сè од себе“, изјави Ди Марија.
Во финалето, Аргентина ќе се соочи со победникот од второто полуфинале меѓу Колумбија и Уругвај.