Ди Марија заминува од Јувентус по само една сезона

Aнхел Ди Марија на крајот на сезоната би можел да го напушти Јувентус по истекот на договорот.

Аргентинскиот офанзивец неколку недели наназад изјавуваше дека нема проблем да остане во Торино и дека му е убаво во Јувентус, но со Италијанците тврдат дека ситуацијата се променила со елиминацијата од Севиља во полуфиналето од Лигата на Европа.

Наводно, во Јувентус не се задоволни од играта на Ди Марија и покрај тоа што во текот на сезоната токму тој беше еден од најдобрите фудбалери на тимот. Ди Марија во Јувентус пристигна бесплатно од ПСЖ, а оваа сезона одигра 37 натпревари и оствари учинок од осум голови и седум асистенции во сите натпреварување.

Сепак според последните информации кои ги објави Фабрицио Романо заминувањето на Ди Марија изгледа како реална опција во овој момент.