Добил понуда да стане селектор, но Конте не сака да води репрезентација

Италијанецот Антонио Конте е во потрага по нова работа откако реши да се раздели со Интер по завршувањето на последната сезона во Италија.

Медиумите од Апенините пренесуваат дека Конте веќе добил конкретна понуда од фудбалската федерација на Холандија за селекторската позиција на А тимот.

Од друга страна Луј Ван Гал е фаворит за селекторското столче на „Лалињата“, но проблем е тоа што поголем број од актуелните репрезентативци се противат на овој избор.

Поради ова, постои можност Конте да дојде во прв план, но Италијанецот повеќе преферира да работи во клуб отколку во репрезентација.