Довчерашниот тренер на Борусија Дортмунд го презема Галатасарај?
Поранешниот тренер на германска Борусија Дортмунд Марко Розе е фаворит за тренерското место во турски Галатасарај.
45-годишниот Розе го напушти клубот од Дортмунд по завршувањето на сезоната во Бундеслигата кон крајот на мај. Галатасарај заврши на 13. место во турскиот шампионат, со 29 бода помалку од Трабзонспор. По лошиот настап, гигантот од Истанбул бара нов тренер со кој ќе се врати на старите позиции.
Меѓу имињата за кои се разговара за тренер кој ќе го преземе Галатасарај следната сезона се Италијанецот Роберто де Черби, Хрватот Игор Тудор, Аргентинецот Марсело Гајардо и Турците Кенан Кочак и Окан Бурук. Со Марко Розе на кормилото, екипата на Борусија Дортмунд заврши на второто место во Бундеслигата оваа сезона, зад Баерн Минхен.