Доживотна забрана за навивачот кој на расна основа го навредуваше Винициус
Челниците на фудбалскот клуб Валенсија, го идентификуваа навивачот кој на расна основа го навредуваше фудбалерот на Реал Мадрид Винициус Жуниор.
Од Валенсија соопштуваат дека на навивачот му изрекле доживотна забрана за доаѓање на стадионот „Местаља“ и следење на натпреварите на клубот. Од клубот потврдија дека соработуваат со локалната полиција која беше од голема помош што побрзо да се пронајде престапникот.
Бразилецот Винициус изрази големо разочарување од расистичките навреди кои се упатени кон него и побара од Ла Лига да преземе порадикални чекори кон спречување на ваквите појави.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека поради ваквите настани фудбалерот ќе побара заминување од Реал Мадрид и напуштање на Шпанија.