Доминација на Аргентина во „Финалисима“

Дуелот помеѓу шампионите на Европа и Јужна Америка наречен Финалисима, му припадна на Аргентина која со резултат 3:0 ја совлада селекцијата на Италија.

Спектакл натпреварот се одигра на стадионот Вембли во Лондон, местото каде Италија минатото лето се закити со титулата шампион на Европа.

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси одигра извонреден натпревар, забележувајќи две асистенции. Првата кога го проигра Лаутаро Мартинез кој го постигна голот за водство од 1:0, а втората асистенција беше кон Дибала кој го совлада Донарума во судиското надокнадување за конечни 3:0. Вториот гол за Аргентина го постигна Ди Марија.