Доминик Калверт-Левин надвор од теренот на подолг период
Екипата на Евертон доби лоша вест откако се дозна дека напаѓачот Доминик Калверт-Левин има проблеми со закрепнувањето и нема да може да игра уште неколку недели.
Англискиот репрезентативец нема играно од крајот на август, откако доби скршеница на палецот а потоа и повреда на бутниот мускул. Иако се очекуваше наскоро да се врати на теренот, сепак по се изгледа дека неговото враќање ќе биде одложено.
“Доминик Калверт-Левин ќе отсуствува уште неколку недели бидејќи се појавија компликации при закрепнување од повредата на бутниот мускул. Тој ќе продолжи со рехабилитација и за некое време ќе знаеме повеќе за неговата состојба“, се вели во официјалното соопштение на клубот.
24-годишниот напаѓач од стартот на сезоната постигна по еден гол на сите 3 натпревари за Евертон а минатата сезона во сите натпреварувања имаше 21 погодоци.