Доминик Кузмановиќ играч на годината во хрватскиот ракомет

Хрватскиот Ракометен Сојуз во соработка со „Спортске Новости“ ги прогласија најдобрите во ракометот за 2024 година.
Свеченоста се одржа на полувремето од натпреварот меѓу Македонија и Хрватска што се одигра во Вараждин.
За најдобар ракометар беше избран Доминик Кузмановиќ од Гумерсбах, додека најдобра ракометарка за 2024 е Катарина Јежиќ од Дунареа Браила.
Најдобар хрватски стратег за минатата година е прогласен Андрија Николиќ, додека најдобар судиски пар се Јуриновиќ и Мрвица.