Доминик Тим ја заврши сезоната
Доминик Тим, моментално шестиот тенисер во светот, објави дека нема да игра на овогодинешниот УС Опен и дека нема да се врати на терените до крајот на 2021 година.
Австриецот е надвор од терените од јуни кога го повреди зглобот.
Тој ги пропушти Вимблдон и Ролан Гарос, а нема да го гледаме ниту на последниот гренд слем сезонава, каде требаше да ја брани шампионската титула.
„Жалам што нема да можам да ја одбранам титулата, но се уште не се опоравив од повредата што ја заработив на турнирот во Мајорка. Во изминатите шест недели, го следев советот на докторот, правев вежби за да останам во форма.
Кога ја удрив топката на тренинг претходната недела, повторно почнав да чувствувам болка. Отидов на лекар, тие рекоа дека на мојот зглоб му треба повеќе време.
Ова е тешка одлука, но тоа е она што треба да го направам. Пред мене е долга кариера, најважно е да не ризикувам.
Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Многу ми значи. Внимавајте. Едвај чекам да се вратам на теренот “, напиша Тим во порака на Твитер.