Донарума: Менталитетот на ПСЖ се промени по заминувањето на Мбапе

Џанлуиџи Донарума повторно беше клучен фактор во полуфиналето меѓу ПСЖ и Арсенал, бидејќи после бравурозните две одбрани на првиот меч, Италијанецот синоќа блескаше и на реваншот во Париз.
Во воведниот дел од мечот, Донарума имаше две круцијални одбрани со кои спречи чисти голови на Мартинели и Одегард, па токму поради двете импресивни изданија, голем дел од јавноста го нарекува херој за пласманот во големото финале.
ПСЖ ги надмина сите очекувања со своите партии во нокаут фазата откако претходно едвај ја мина првата рунда во Лигата на шампиони, но значителниот напредок во последните пет месеци сега го натера Донарума да извлече и еден заклучок кој не го става во добра положба Килијан Мбапе.
Напаѓачот го напушти ПСЖ со цел да се бори за трофејот во Лигата на шампиони, а во првата сезона по неговото заминување, токму „светците“ се оние кои ќе се борат за трофејот со Интер на 31-ви мај.
– Менталитетот во тимот се промени по заминувањето на Мбапе, сега сме повеќе тим од претходно. Сите сме обединети и играме сплотено. Искусив нешто слично и со Италија, ние изгледавме вака кога го освоивме Европското првенство. Верувајте ми дека тимскиот дух прави разлика на вакви натпреварувања, – изјави Донарума.