Донарума негира расправии за бонусите на Италијанците пред мечот во Зеница

Џанлуиџи Донарума ги демантираше шпекулациите дека италијанските репрезентативци барале бонуси од федерацијата за квалификациите за Светското првенство 2026.

Голманот истакна дека таквите информации не се точни и признал дека написите го погодиле.

„Tие пишувања навистина ме повредија. Како капитен никогаш не сум побарал од федерацијата ниту едно евро. Секогаш се даваат бонуси доколку играчите се квалификуваат, но никој ништо не побара од федерацијата. Нашиот подарок ќе беше патување на Светско првенство, но тоа не се случи“, изјави Донарума.

Претходно се тврдеше дека селекторот Џенаро Гатузо ги убедил играчите да не отвораат финансиски теми пред дуелот со Босна и Херцеговина, кој Италија го загуби.