Донарума: Не се каам што прејдов во ПСЖ
Голманот на Париз Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, во изјава за медиумите вели дека е горд што брани за францускиот шампион, и покрај елиминацијата на екипата во осминафиналето на Лигата на шампионите.
ПСЖ беше елиминиран од Баерн Минхен со вкупен резултат 3:0, со што клубот од Франција ја продолжи лошата серија на настапи во елитното фудбалско натпреварување.
„ Многу разочарувачки е фактот што испаднавме од Лигата на шампионите. Не се каам и немам никакви сомнежи во мојата одлука да заиграм за ПСЖ“, вели Донарума.
Италијанскиот голман изјавува и дека е среќен за пласманот во четвртфиналето на ЛШ на неговиот поранешен клуб Милан, од каде и пристигна во ПСЖ во 2021.година.