Донарума пред потпис со ПСЖ, платата астрономска
Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека 22-годишниот Џанлуиџи Донарума наскоро ќе потпише договор со француски ПСЖ.
Францускиот вицешампион бесплатно ќе го донесе голманот на Милан, кој по крајот на овој месец станува слободен играч. Веќе се договорени лекарските прегледи во кампот на италијанската репрезентација, со која младиот голман е на подготовки за Европското првенство.
Донарума по сезона ќе заработува по 12 милиони евра. Во професионалниот фудбал е уште од 16 години и од тогаш е прв голман на Милан, за кој бранеше на 251 натпревар, од кои 215 во Серија А.
Менаџерот на Донарума, Мино Рајола ќе добие 20 милиони евра за овој трансфер, штом Донарума потпише за ПСЖ.
Во трка за неговиот потпис беше и Јувентус, но во Торино одлучија дека и понатаму ќе му веруваат на Шчешни.