Донарума се предомисли, сепак ќе остане во ПСЖ

Фудбалските состави на Милан Јувентус и Интер се заинтересирани за голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума но, чуварот на мрежата на ПСЖ, нема намера да го напушти – „Паркот на принцовите“.

Тој пред мечот со Норвешка во квалификациите за Светското првенство, јасно стави до знаење дека очекува продолжување на соработката со францускиот состав.

„Се чувствувам добро во Париз. Не знам дали мојот агент имал состанок со Интер. Можеби еден ден ќе се вратам во Италија“ – потенцираше Донарума.