Дончиќ го прескокна Џордан на вечната листа

Лука Дончиќ го одигра статистички најдобриот натпревар сезонава и со 29. трипл-дабл во кариерата веќе во третата сезона во НБА го надмина Мајкл Џордан во целата кариера. Меѓутоа, неговиот Далас беше поразен од Чикаго со 117:101, а словенецот ја презеде одговорноста. Дончиќ го заврши натпреварот со 36 поени и рекордни сезонава 16 скокови и 15 асистенции, постигна шест тројки, но во целото второ полувреме остана на само шест поени. Освен повратникот Порзингис, Дончиќ немаше на располагање ниту еден друг соиграч од првата петорка. Поради повреди и КОВИД протоколи, натпреварот го пропуштија Хардавеј, Ричардсон, Фини-Смит, Брансон и Клебер. Охрабрен од првото полувреме во кое постигна 30 поени, Дончиќ во продолжението проба се да реши сам. „Во второто полувреме играв ужасно. Јас сум виновен, бев пресебичен дека имав 30 поени во првото полувреме. Тоа не бев јас во продолжението. Мораме да играме доста подобро, а и јас морам многу подобро.“ – изјави Дончиќ. За него, ова беше четврт трипл-дабл сезонава, а сите ги оствари во последните шест натпревари, додека во преостанатите два му недостасуавше само еден скок или асистенција. По само 11 настапи во третата сезона има 29, еден повеќе од учинокот на Мајкл Џордан во целата кариера.