Дончиќ е најдобар кошаркар за 2020-та според „Евробаскет“
Традиционално, сега веќе 17-та година по ред, една од најугледните кошаркарски „страници“ на Стариот континент, „Евробаскет“ го направи својот избор на најдобрите во кошарката за тековната година.
Така е и пред крајот на оваа календарска 2020 година, во која „Евробаскет“ го направи изборот. Го подели на два дела-категории „европски“ (играчи кои моментално настапуваат во Европа), и „сеевропски“, во кој се вклучени и европските претставници. И играчи надвор од границите на европскиот континент, кои во најголем дел, играат во најсилната лига на светот – НБА.
Младиот Словенец во својата трета сезона во Далас, се промовира себеси во најдобрите европски играчи во најсилната лига на светот. Словенечкиот „дијамант“ дојде до неверојатен просек од скоро 30.поени по натпревар, лани беше трет додавач во лигата со просек од 8,8 асистенции. А имаше и 9,4 скокови по меч, и беше многу блиску до „троен ефект“, што е вистинско, ретко остварување за еден така млад играч.