Дончиќ „полуде“ на судиите кои му поништија кош (видео)

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ заработи техничка грешка откако на синоќешниот натпревар против Сан Антонио Спарс беснееше по една одлука на судиите.
Дончиќ постигна убав погодок на резултат 40:36 за Далас, но судиите го поништија поради наводен негов фаул во напад над Дерик Вајт. На словенецот не му се допадна таа одлука, а тоа им го стави до знаење на судиите.
За среќа по Далас и Дончиќ, тој негов потег не ги чинеше и победа. Словенецот одигра одличен натпревар и ја предводеше својата екипа до триумф во дербито на Тексас. Победија со резултат 115:104, а Дончиќ натпреварот го заврши со 22 поени, со 12 скокови и исто толку асистенции.

https://twitter.com/BleacherReport/status/1369835205368770562