Дончиќ со нова блескава партија

Далас синоќа го победи Шарлот на гости со резултат 104:93, а фантастичен натпревар одигра Лука Дончиќ.
Словенецот за 35 минути постигна 34 поени со 13 скокови, девет асистенции и четири блокади. Неговиот шут од игра беше 14/25, а за тројка погодуваше 5/9. НБА лигата на Твитер објави најдобри моменти од неговите сјајни потези, каде можат да се видат две неверојатни асистенции и три тројки кои го постигна откако „лесно“ направи чекор назад и шутира преку блокот.
За Дончиќ ова е петти дабл-дабл скор по ред и трет натпревар во последните пет во кои постигнал преку 30 поени.

https://twitter.com/NBA/status/1349567690801864704