Дончиќ ќе игра за Словенија на Евробаскетот годинава

Лука Дончиќ ќе игра за Словенија на Евробаскетот, објавуваат американските медиуми. Сепак, се чини дека играчот на Лос Анџелес Лејкерс сè уште не информирал никого во клубот за своите планови, но го информирал селекторот.
Европското првенство во кошарка започнува на 27 август и трае до 14 септември, а Словенија во првата фаза ќе игра во полскиот град Катовице,, во група со Исланд, Франција, Белгија, Израел и домаќинот.
За да се пласира понатаму, Словенија мора да биде меѓу првите четири селекции, што нема да биде лесна мисија.