Дориан Бабунски се раздели со Грасхоперс

Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски од денес не е повеќе играч на швајцарскиот клуб Грасхоперс.

28-годишникот беше дел од „скакулците“ од месец август 2023 година, но не успеа да се наметне. Иако тргна добро и успеа да постигне голови, следеше една повреда која го сопре. И оттогаш, немаше голема минутажа.

Оваа сезона во швајцарската Суперлига, Бабунски одигра два натпревари без гол, додека во Купот на Швајцарија даде гол во единствениот настап.

Низ кариерата Дориан Бабунски настапуваше и за Дебрецен од Унгарија, Ботев Враца од Бугарија, Мачида и Кагошима од Јапонија, потоа Радомље и Олимпија од Словенија, како и Фуенлабрада и младинските категории на Реал Мадрид во Шпанија.