Доха домаќин на францускиот Суперкуп меѓу ПСЖ и Монако

Пари Сен Жермен и Монако на 5 јануари во Доха, Катар ќе се играат за трофејот на шампионите, одлучи Административниот совет на професионалната лига, а информацијата ја пренесе весникот „Л’Екип“.
Оваа одлука доаѓа по многу промени, со тоа што натпреварот првично беше планиран за минатото лето во Кина. Организацијата на натпреварот ќе и донесе приходи од околу 3 милиони евра на Професионалната лига, од кои дел ќе бидат распределени меѓу двете екипи.
Интересно, на истиот датум – 5 јануари 2025 година, во Лига 1 беше закажан натпревар помеѓу Монако и ПСЖ, но истиот ќе биде преместен за 18 декември оваа година.