Доха фаворит за организација на ЛОИ во 2036 година
Шпанскиот спортски сајт „Релево“ тврди дека Катар и градот Доха ќе бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2036 година. Според изворот на сајтот, дека страните се блиску до финализирање на деталите околу одржувањето на Олимписките игри во 2036 година.
Минатиот месец беше објавено дека Олимпискиот комитет на Катар подготвува сериозна понуда за Игрите во 2036 година, при што претседателот на ИОК Томас Бах изјави дека има „двоцифрен“ број на земји кои изразиле интерес за организација на Игрите, а меѓу нив се Саудиска Арабија, Индонезија, Шпанија, Чиле, Германија и Индија.
„Релево“ известува дека Доха е фаворит за делегатите на ИОК, а исто така постои и непишаното правило за ротација на континентите, па така Игрите во 2036 година би требало по тој ред да одат во Азија (по Париз 2024 – Европа), Лос Анџелес 2028 (Америка) и Бризбејн 2032 (Океанија).
Иако објавувањето на домаќинот на Игрите во 2036 година е закажано најрано до 2026 година, Доха очигледно има фаворитска улога.