Драган Бајиќ е нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација
КФСМ денес на прес-конференција го промовираше новиот селектор на кошаркарската репрезентација Драган Бајиќ кој ќе ја предводи машката кошаркарска репрезентација, а доаѓа на местото на Александар Тодоров на кого раководството на КФСМ не му понуди нова соработка, откако имаше неуспешните квалификации за ЕП. Драган Бајиќ е петтиот странец, кој седнува на клупата на нашиот национален тим, а ќе има за задача да ги мине претквалификации за СП, а потоа и да ја врати Македонија на ЕП, каде последен пат игравме во 2015 година. Новиот селектор на кошаркарската репрезентација во моментов е тренер на Игокеа, со која оваа сезона во АБА-лига се најпријатно изненадување. Спортскиот директoр, Тодор Гечевски најави дека Драган Бајиќ доби четиригодишен договор, а самиот селектор искажа задоволство од понудената доверба.