Драган Бајиќ пред промоција за нов Македонски селектор
Тренерот на кошаркарите на Игокеа, Драган Бајиќ, најверојатно ќе го наследи Александар Тодоров, на кормилото на нашата машка кошаркарска репрезентација. Српскиот стретег кој во 2013 година беше прогласен за „тренер на годината“ во АБА лигата, успеа со неговиот сегашен тим да влезе меѓу најдобрите четири екипи во регионалната конкуренција. Доколку се остварат најавите на КФСМ на прес-конференцијата закажана за вo понеделник, Бајиќ првата обврска како наш селектор ќе ја има во претквалификациите за Светското првенство.