Дубаи го претстави Чави Пасквал

Чави Пасквал повеќе не е тренер на Барселона, откако шпанскиот кошаркарски стратег ја искористи клаузулата за предвремен раскин на договорот и стави крај на вториот престој на клупата на каталонскиот гигант.
Барселона потврди дека Пасквал заминува и покрај тоа што имаше договор до летото 2028 година.
Искусниот стратег ја прифати понудата од Дубаи, клуб кој минатата сезона ја освои титулата во АБА лигата.
Новиот клуб веќе објави дека со Пасквал потпишал договор со важност до 2029 година.