Дубравка го менува Њукасл со Селтик
Голманот на Њукасл, Мартин Дубравка летово ќе го напушти „Сент Џејмс Парк“. Со оглед на тоа што веќе има понуди, 35-годишниот чувар на мрежата на Њукасл, се чини брзо ќе најде нов клуб.
„Дејли рекорд“ пишува дека со пензионирањето на Џо Харт, Селтик сака да го доведе Мартин Дубравка, а за него веќе се заинтересирани и голем број клубови од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Покрај со Дубравка, Њукасл летово ќе се раздели и со Лорис Кариус, третиот голман на тимот.