Дувњак најави повлекување од националниот тим
Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак со својата изјава најави дека може да се повлече од репрезентацијата и настапите во неа.
„Можевме многу повеќе од ова. Мое мислење е дека овој тим е добар. Затоа овој резултат го сметам за неуспех. Минимална цел беше четвртфинале, а ние не дојдовме до тоа. Тажен сум и разочаран, но животот оди понатаму. За овие момци ќе има уште многу шанси во иднина, за мене не. Ова беше моја последна Олимпијада. Доживеав многу работи на Олимписките игри, еве дочекав да испаднеме и во групи.
Мора да седнеме и да донесеме одлуки со ладна глава. Завршивме петти од шест екипи и тоа не е убаво. Ми беше убаво со овој тим, со овие момци, но дома ме чекаат три деца. Мора со ладна глава да размислам што ќе правам понатаму“, изјавил Дувњак пред хрватските новинари.