Думфрис следна желба на Барса

Барселона сака да го донесе Дензељ Думфрис, но во моментот не може да си дозволи трансфер на одбранбениот играч на Интер Милано поради своите финансиски ограничувања, известува Мундо Депортиво.

Репрезентативецот на Нидерланд, кој има 29 години, одлично се вклопува во шемата на шпанскиот шампион, но клаузулата за неговото откупување изнесува 25 милиони евра. Оваа сума е превисока за Барса.

Дензељ Думфрис има договор со Интер до крајот на сезоната 2027-2028. Бранителот премина од ПСВ Ајндховен кај “неразурите” во 2021 година. Раководството на Каталонците сака да донесе уште еден голман и крило