Дуплантис спремен да сруши светски рекорд на митингот во Монако
Арманд Дуплантис, светски рекордер во скок со стап, потврди дека ќе настапи на митингот во Монако на 21 јули.
Актуелниот олимписки и светски шампион моментално ги држи рекордите на осум турнири од Дијамантската лига. Атлетичарот од Шведска нагласи дека на собирот во Кнежевството ќе атакува на нов рекорд.
„Со нетрпение очекувам да се вратам во Монако на 21 јули. Знам дека рекордот е 6,02 м. Ќе видиме дали ќе можам подобро. Монако е идеално место за скокање високо, особено благодарение на медитеранското време“ беа зборовите на Дуплантис.