Дурански го напушти Скопје и потпиша за Вардар

Вардар го потврди седмиот трансфер во текот на летниов преоден рок.
Станува збор за 32-годишниот играч за врска, Филип Дурански, кој во претходната сезона настапуваше за екипата на Скопје.
Тој има богата кариера бидејќи ги носеше дресовите на Работнички, Силекс и Турново а надвор од границите играше во Славија Прага (Чешка) Севан (Ерменија) Игнатиа (Албанија), Серед (Словачка) и Олимпијакос Никозија (Кипар).