Дурант го чека нова долга пауза заради повреда

Кевин Дурант го повреди коленото и како што потврдија од клубот тој ќе биде надвор од тимот на Бруклин Нетс на неодредено време.

На еден од најдобрите играчи на денешницата му е дијагностицирана повреда на лигаментите на левото колено, а стручниот штаб на чело со Стив Неш се надева дека Дурант би можел да биде на теренот за четири до шест недели.

Дурант се повреди синоќа на дуелот со Њу Орлеанс (120:105).

Американскиот кошаркар дојде во Бруклин од Голден Стејт во 2019 година, а паузираше една година поради повреда на Ахиловата тетива. Сезонава има просек од 29,3 поени, 7,4 скока и 5,8 асистенции.

Нетси се втори на Западот со учинок 27-15, а во повеќето натпревари не можат да сметаат на Кајри Ирвин кој не сака да се вакцинира.