Дурант казнет со 50.000 долари заради пцовки на социјалните мрежи
Кошаркарот на Бруклин Нетс, Кевин Дурант, ќе мора да плати 50 000 долари поради пцовките упатени кон комичарот Мајкл Рапорт на социјалните мрежи, одлучи дисциплинската комисија во НБА лигата.
Во официјално соопштението од НБА лигата се наведува дека Дурант е казнет поради користење на навреда и користење на погрдни зборови на социјалните мрежи. Рапорт кој е голем навивач на Њујорк Никс сам го пријави случајот, а како доказ достави разговор со Дурант каде кошаркарот користи погрдни зборови.
„Жал ми е за инцидентот и за целиот разговор кој излезе во јавноста“, изјави кратко Дурант.
Кошаркарот на Бруклин ги пропушти последниве 21 натпревари во НБА лигата поради повреда на задната ложа.
Вечер на програмата играат токму тие две екипи, а можно е и враќање на теренот за Дурант.