Душан Влаховиќ ќе се всели во куќата на Кристијано Роналдо

Новиот голгетер  на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе живее во куќата во која престојуваа Кристијано Роналдо и неговата вереница Џорџина Родригез, додека Португалецот го носеше црно-белиот дрес на „старата дама“.

Српскиот напаѓач го избрал суперлуксузниот имот поради безбедносни причини. До куќата, која се наоѓа на периферијата на Торино, се стигнува по приватен пат, кој деноноќно се обезбедува.

Во периодот пред трансферот од Фиорентина во Јувентус, Влаховиќ доби голем број закани, поради што ангажираше обезбедување додека се уште настапуваше во Фиренца.