Евертон бара 80 милиони евра за Моизе Кин
Moизе Кин е одличен во ПСЖ, но клубот од Париз нема лесно да го добие неговиот потпис. Кин е на позајмица во ПСЖ од Евертон кој според информациите го проценил на неверојатни 80 милиони евра. Италијанецот скоро не покажа на „Гудисон Парк“, меѓутоа на позајмицата во ПСЖ игра одлично и постигна 14 голови на 25 натпревари, а беше стрелец и во вторникот против Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите. Евертон сега има намера неговите добри настапи солидно да ги наплати.
