Евертон гради нов стадион, еве како ќе изгледа (видео)
Англискиот премиерлигаш Евертон потврди дека конечно ја доби дозволата за изградба на новиот стадион на пристаништето Бремли-Мур. Изградбата ќе започне наскоро, а ќе го чини клубот околу 500 милиони фунти.
Така, легендарниот клуб од Ливерпул во наредните неколку сезони ќе се отсели од Гудисон Парк, каде игра уште од 1892. година. Евертон веќе 25 години бара начин да изгради нов стадион.
Изградбата која ќе започне наскоро, се очекува да биде финализирана до 2024. година, а новиот стадион на „карамелите“ ќе има капацитет за 52 илјади навивачи.