Евертон сака да го врати Мојс по заминувањето на Анчелоти
Челниците на фудбалскиот состав Евертон се обидуваат експресно да пронајдат замена за Карло Анчелоти кој од вчера е промовиран за нов тренер на Реал Мадрид.
Според наведеното во островските медиуми, најсериозен кандидат за клупата на „карамелите“ е некогашниот нивни тренер, Дејвид Мојс.
Тој имаше одлична сезона со Вест Хем и за малку не успеа да ги однесе „чеканите“ во Лигата на шампионите.
